Ако детето е значително пониско од врсниците или не напредува според очекуваниот раст, тоа може да биде знак за нарушување на растот и потреба од дополнителни медицински испитувања.
Експертите посочуваат дека дури околу 85 проценти од растот кај децата се случува пред пубертетот, што значи дека навременото откривање на проблемот е клучно за успешен третман.
Родителите треба да обрнат внимание не само на висината, туку и на тоа дали детето редовно ја менува големината на облеката и дали расте со очекувано темпо. Ако растот е забавен или стагнира, тоа може да укажува на здравствен проблем.
Нискиот раст не е само естетско прашање, туку може да биде поврзан со различни состојби – од недостаток на хормон за раст, до нарушувања на тироидната жлезда, генетски синдроми или хронични болести.
Во дел од случаите, причината може да биде и наследна или поврзана со таканаречен „конституционално забавен раст“, но експертите нагласуваат дека секое значително отстапување треба да се провери кај специјалист.
Лекарите препорачуваат редовно мерење на висината и следење на таканаречените „криви на раст“, бидејќи токму тие се најдобар показател за здравјето и развојот на детето.
Навремената дијагноза може да овозможи и соодветна терапија, како што е третман со хормон за раст, кој во одредени случаи значително го подобрува исходот и конечната висина.