Американската војска изведе бранови жестоки воздушни напади врз десетици цели на Иранската револуционерна гарда ширум Иран. Операцијата, извршена преку ноќта, доаѓа како директен одговор на иранските ракетни напади врз американските бази во Јордан и воено-поморските патроли во Ормускиот теснец. Додека Белата куќа најавува дополнителна одмазда, иранските власти пријавија цивилни штети и спасувачки акции на островот Кешм.
U.S. Central Command (CENTCOM) announced that U.S. forces conducted a heavy wave of strikes against dozens of IRGC targets across Iran at approximately 10 p.m. ET, describing the operation as a response to Iran's attempted ballistic missile attack on U.S. forces in Jordan… https://t.co/jkaO1HoTzC pic.twitter.com/Ph0covt2QP
— OSINTdefender (@sentdefender) July 30, 2026
Американското Средно заповедништво (CENTCOM) соопшти дека воздухопловните сили погодиле воени заповни центри, објекти за производство и складирање на ракети и дронови, како и брежни системи за надзор. Нападите започнаа во 20 часот по источноамериканско време и траеја околу еден час, при што сите претходни ирански балистички проектили насочени кон американските сили биле успешно пресретнати.
Иранската државна телевизија ИРИБ објави снимки од спасувачките екипи на островот Кешм, каде што американски проектли погодиле станбен објект во населбата Чах Тангу. Според локалните власти за управување со кризи, од под рушевините досега се извлечени две деца кои се пренесени во болница, додека екипите и понатаму трагаат по уште тројца членови на истото семејство.
Конфликтот дополнително се прошири откако САД и Саудиска Арабија за првпат изведоа заеднички воздушни напади врз позициите на иранските сојузници во источен Ирак. Ирачките паравоени сили соопштија дека во овие напади загинале најмалку 20 нивни припадници, додека официјален Багдад го осуди ова како директно кршење на ирачкиот суверенитет.