Најмалку 14 лица загинаа во руски напад со дрон врз железничката станица во украинскиот град Днипро денеска, 29 октомври. Бројот на жртвите се зголеми од првично соопштените 13, потврди шефот на регионалната воена администрација, Олександр Ханжа.
Според украинскиот железнички оператор „Укрзализница“, дрон со млазен погон погодил еден од пероните, каде што се наоѓал патничкиот воз број 866 на релацијата Днипро – Запорожје. Возот се подготвувал за поаѓање.
Во нападот има и повеќе повредени. Според информациите што ги пренесе „Интерфакс Украина“, четворица биле во тешка состојба, меѓу нив и дете. Спасувачките и медицинските екипи им укажувале помош на погодените.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека бил погоден перон на кој стоеле приградски и редовен патнички воз. Тој го осуди нападот и повика сојузниците на Украина да го засилат санкцискиот притисок врз Москва.
Фотографиите објавени од украинските служби за итни случаи покажуваат спасувачи што им помагаат на повредените и оштетени патнички возови со искршени прозорци
