Моби до граѓаните: Без вас демократијата умира, ве молам гласајте

Моби рече и дека ја чувствува фрустрацијата на луѓето од двопартискиот систем, но дека на крајот на денот треба да се избере подобрата опција, а тоа според него се Демократите

Во пресрет на закажаните меѓуизбори во САД кои ќе се одржат следната недела, ѕвездата на електронската музика Моби преку социјалните мрежи повика на поголема излезност на гласање.

„Она што сега ќе го кажам, може ќе налути некого, но ќе кажам дека треба да гласате. Затоа што многу луѓе , многу мои пријатели, одбиваат да гласаат. Но погледнете што ни се случи 2016 година. Како знак на протест, многу луѓе тогаш одбија да гласаат и Трамп беше избран за претседател, а Републиканците го заземаа и Сенатот и Конгресот. Истот се случи и 2024 година“ порача Моби.

Затоа, додаде тој, ве молам да гласате, демократијата без вас умира.

Моби рече и дека ја чувствува фрустрацијата на луѓето од двопартискиот систем, но дека на крајот на денот “ние не треба да ги сакаме политичарите и не треба секој пат да се согласуваме со нив“.


„Сепак повеќе пати се согласувам со Демократите и затоа и ќе гласам за нив. Не мислам дека се совршени, но ќе гласам за нив бидејќи се подобри од она што се нуди како нивна алтернатива и денес гледаме што значи и како изгледа таа алтернатива, а сето тоа е ужасно“ рече Моби.

е-Трн да боцка во твојот инбокс