Напад со меч во училиште во Шведска, повредени неколку лица

Лице вооружено со меч повреди неколку лица денес во средно училиште во Фагерста, централна Шведска, соопштија локалните власти

Сериозен инцидент ја потресе денеска Шведска, откако лице вооружено со меч повреди неколку лица денес во средно училиште во Фагерста, соопштија локалните власти.

Полицијата изјави дека едно лице е уапсено и им рекла на граѓаните да ги почитуваат блокадите на патот и да ги слушаат упатствата.

Министерот за правда Гунар Стромер изјави за Ројтерс дека владата е во контакт со полицијата во врска со „сериозниот напад во Фагерста“.

„Бевме информирани за сериозен инцидент во Фагерста. Полицијата е на местото на настанот и работи многу интензивно на инцидентот“, рече Штромер.

е-Трн да боцка во твојот инбокс