Намален апаетит е резултат на недостиг од магнезиум

Магнезиумот е минерал неопходен за здрави мускули, нерви, коски и нивото на шеќер во крвта. Тој е минерал кој е кофактор во повеќе од 300 ензимски системи за одвивање на одредени процеси во телото како што се синтеза на протеини, правилна мускулна и нервна функција, контрола на шеќерот во крвта и регулација на крвниот притисок. Затоа, освен сам, се наоѓа во комбинација во препаратите кои се наменети за превенција и третман на тие состојби. Сите производи се достапни за онлајн нарачка со бесплатна достава.

Според Health Direct, недостаток на магнезиум се јавува кога нашето тело не добива доволно магнезиум во нашата исхрана за нормално да функционира. Иако симптомите можат да бидат различни, а често е многу тешко да се препознаат, лекарите нагласуваат дека еден од најраните предупредувачки знаци се јавува при јадење.

Зборуваме за слаб апетит. Кај луѓето кои имаат ниско ниво на магнезиум во организмот, по неколку каснувања доаѓа до послаб апетит или брзо ситост. Доколку не се препознае навреме, може да доведе до ослабен имунитет, што го прави човекот повеќе склон кон потенцијални болести.

Покрај губењето на апетитот, постојат и други знаци кои можат да откријат недостаток на овој важен минерал. Како што објаснуваат лекарите, други симптоми кои укажуваат на недостаток на магнезиум се гадење и повраќање, замор, слабост, грчеви во мускулите, тремор и забрзан пулс.

Извор: dolinalasve.info

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни