Најмалку три лица повредени во руски напад со дронови врз Дњепропетровската област

Во нападот во централна Украина била оштетена критична инфраструктура, а на неколку локации избиле пожари. На терен интервенираат итните служби.

Најмалку три лица се повредени во текот на ноќта во руски напад со дронови врз Дњепропетровската област во централна Украина, соопшти шефот на обласната воена управа, Олександар Ханжа.

Тој на Телеграм објави дека во нападите била оштетена критична инфраструктура, а по ударите избиле пожари, пренесе украинската новинска агенција „Укринформ“.


Ханжа наведе дека службите за итни случаи се ангажирани на местата погодени од нападите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс