Најмалку 82 рудари загинаа во експлозија во Кина, девет лица се водат како исчезнати

Најмалку 82 рудари загинаа во експлозија на гас во рудник за јаглен во Кина, додека девет лица сè уште се водат како исчезнати. Кинескиот претседател Си Џинпинг нареди итна истрага и спасувачка операција.

Најмалку 82 рудари загинаа во експлозија на гас во рудник за јаглен во, додека уште девет лица се водат како исчезнати, соопштија локалните власти и државните медиуми. Несреќата се случила во градот, во северната кинеска провинција, во рудникот за јаглен „Љушен“ во округот Ќинјуан. Во моментот на експлозијата под земја се наоѓале 247 работници, од кои 201 биле извлечени на површината.

Според информациите од спасувачкиот штаб, акцијата за спасување сè уште трае, а екипите продолжуваат со интензивна потрага и работа на местото на несреќата. Кинеската новинска агенција објави дека одговорните лица од компанијата „Тонџоу груп“ која управува со рудникот се приведени.

Си Џинпинг нареди итна истрага

Претседателот на Кина,, наредил итна спасувачка операција и темелна истрага за причините за несреќата. Тој побарал да се вложат максимални напори за пронаоѓање на исчезнатите рудари и лекување на повредените, како и соодветно справување со последиците од трагедијата.

Си Џинпинг нагласил дека властите низ цела Кина мора да извлечат поука од оваа несреќа, да ја зајакнат контролата на безбедноста при работа и да преземат построги мерки за откривање и отстранување на потенцијалните ризици со цел да се спречат идни трагедии.

е-Трн да боцка во твојот инбокс