Најмалку 10 загинати во напад со дрон врз интернат во Луганск – Москва и Киев со меѓусебни обвинувања

Најмалку 10 лица загинаа во напад со дрон врз интернат во Луганск, додека Москва и Киев разменуваат обвинувања за целта на нападот. ОН повикаа на заштита на цивилите.

Најмалку десет лица загинаа во напад со беспилотно летало врз интернат на стручно училиште во градот Старобилск во окупираната Луганска област, соопшти руското Министерство за вонредни состојби. Според нивните информации, бројот на жртви се зголемил откако под урнатините биле пронајдени дополнителни тела.

Во нападот се повредени 48 лица, додека 11 се водат како исчезнати, поради што спасувачките екипи продолжуваат со пребарување на теренот.Инцидентот предизвика остри реакции и меѓусебни обвинувања меѓу Москва и Киев. Рускиот претседател Владимир Путин го оцени нападот како „терористички акт“ и тврди дека на локацијата немало воена цел. Од друга страна, украинскиот Генералштаб ги отфрли обвинувањата, тврдејќи дека во објектот била стационирана руска воена единица за беспилотни летала и дека таа била целта на операцијата.

За случајот реагираше и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, кој повтори дека Обединетите нации остро ги осудуваат сите напади врз цивили и цивилна инфраструктура, без оглед на тоа каде се случуваат.

е-Трн да боцка во твојот инбокс