Британците ги открија најевтините европски летни дестинации за семејства

Истражување на Британската пошта ги откри најевтините европски дестинации за семеен одмор, а првото место го зазеде Алгарве во Португалија.

Истражување на Британската пошта покажа дека најповолни места за одмор во Европа се наоѓаат во Португалија, Бугарија и Шпанија, со дестинации каде семејствата можат да поминат поевтино.

Британската пошта, преку својот оддел за валути, анализирала 22 европски туристички дестинации и пресметала колку би потрошило четиричлено семејство за основни трошоци за време на одмор. Во пресметката биле вклучени оброци, пијалаци и секојдневни набавки.

На првото место се најде португалскиот регион Алгарве, каде избраната „кошничка“ со десет производи и услуги би чинела околу 163 евра. Туристите таму можат да најдат кафе за околу едно и пол евро, пиво за околу три евра и чаша вино за приближно четири евра.

Алгарве беше оценет како идеална дестинација за семеен одмор поради плажите, природните убавини и бројните активности, а меѓу препораките се издвојуваат градот Албуфеира, излетите со брод и водните паркови.

На второто место се најде бугарскиот Сончев Брег, а потоа следуваат неколку шпански дестинации, меѓу кои Ланзароте, Менорка, Коста Брава и Тенерифе. Во првата десетка се најдоа и турскиот Мармарис, Коста дел Сол, Коста Бланка и кипарскиот Пафос.

Како најскапа анализирана дестинација беше издвоен италијанскиот Соренто. Од регионот, хрватските Пореч и Задар се најдоа на пониските позиции на листата, на 14-то и 17-то место од вкупно 22 дестинации.

е-Трн да боцка во твојот инбокс