Панама трета година по ред е најдобрата земја за иселеници

Панама повторно е прогласена за најдобра земја за живот на иселеници според Expat Insider 2026. Во европскиот врв се Шпанија, Португалија и Луксембург.

Ново глобално истражување покажува дека Панама повторно е најпосакуваната дестинација за живот на иселеници, додека Шпанија е најдобро рангираната европска земја.

Панама трета година по ред е прогласена за најдобра земја за живот на иселеници, покажува истражувањето Expat Insider 2026 на организацијата InterNations, во кое учествувале речиси 8.000 испитаници од 162 земји.

Истражувањето ги оценувало условите за работа, личните финансии, квалитетот на живот, административните процедури и леснотијата на прилагодување во новата средина. Дури 87 проценти од иселениците во Панама изјавиле дека се задоволни од животот таму, а секој трет би сакал трајно да остане во земјата.

На второто место се најде Мексико, кој добил највисоки оценки за гостопримливоста и лесното создавање нови пријателства. Трет е Тајланд, каде што иселениците особено ги издвојуваат ниските трошоци за живот и достапното домување.

Од европските држави, најдобро пласирана е Шпанија, која го освои шестото место благодарение на високиот квалитет на живот, пријатната клима и добриот јавен превоз. Во првите десет се најдоа и Португалија и Луксембург.

Истражувањето покажува и дека Германија не поминала добро. Испитаниците како главни недостатоци ги посочиле сложената администрација, недоволната дигитализација, високите трошоци за домување и јазичната бариера.

е-Трн да боцка во твојот инбокс