Распишан конкурс за наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата

Струшките вечери на поезијата распишаа конкурс за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2026 година. Рокот за пријавување е до 1 мај.

Националната установа „Струшки вечери на поезијата“ распиша конкурс за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга.

за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга меѓу два фестивала, објавена на македонски јазик, во период од 01 јуни 2025 до 01 мај 2026 година.

Критериуми за учество:

Наградата „Браќа Миладиновци“ се доделува за поетска книга напишана и објавена на македонски јазик. На конкурсот може да биде пријавена и книга објавена двојазично, каде поетското творештво на македонски е оригинално создадено, односно, не е превод од друг јазик.

На конкурсот пријави можат да поднесат авторите или нивните издавачи со согласност од авторот.

Еден автор или издавач може да учествува со неограничен број наслови.

Пријавените поетски книги треба да се првообјавени во периодот за кој се доделува наградата и да не бидат претходно објавени на друг јазик.

Избори од творештвото на автори кои се препечатени нема да бидат земени предвид.

Книги во кои има препечатени делови од други книги, а кои надминуваат 1/10 од книгата, нема да бидат земени предвид.

На конкурсот можат да бидат пријавени дела само од еден автор. Коавторски дела се неприфатливи.

Книгите во издание на СВП не можат да бидат пријавени на конкурсот.

Книгите мора да имаат ISBN број.

Книги од членови на УО на НУМ СВП, директорот на НУМ СВП, вработените или на членови на жири-комисијата или нивни поблиски роднини нема да бидат прифатени.

Книгите објавени под псевдоним може да учествуваат за наградата доколку тој псевдоним е општопознат и авторот настапува во јавноста со него. Доколку се работи за нов и малку познат, тогаш поднесувачот треба да достави доказ за вистинскиот идентитет и за авторството на книгата.

Книгите што нема да пристигнат до определениот рок или нема да ги исполнат условите од истиот нема да бидат земени предвид за наградата.

Конкурсот ќе трае од 14.04.2026 до 01.05.2026 година.

Автортите или издавачите за учество на конкурсот мора да испратат 6 (шест) примероци од книгата на следната адреса:

НУ Манифестација „Струшки вечери на поезијата“
Поштенски фах 111
„Браќа Миладиновци“ бр. 5
6330 Струга
Република Македонија

Со назнака на пликото дека книгите се за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2026.

Доколку се работи за печатени публикации, покрај доставените 6 (шест) примероци, препорачливо е авторите или издавачите да ги достават и во електронска форма (во .pdf формат) на следната адреса: struga@svp.org.mk. Недоставувањето книга во електронска pdf форма не ги исклучува авторите или издавачите од учество на конкурсот.

Книгите не се враќаат.

Пријавените книги ги оценува жири-комисија од пет члена, а објавувањето на резултатите ќе биде согласно Правилникот за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата.

Паричниот износ на наградата ќе биде определен со Одлука на УО на НУМ СВП.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни