На Марс паднал снег пред 400.000 години?

Според фотографиите направени од кинескиот ровер Zhurong на Марс, се чини дека Црвената планета имала течна вода на својата површина уште пред 400.000 години, која веројатно паѓала како снег кој се стопил и помогнал песочните дини да се претворат во тврда, испукана кора.

Многу докази сугерираат дека Марс имал огромни наслаги на течна вода во одреден момент во неговото далечно минато, но не е јасно колку долго таа вода опстојувала.

Ксиаогуанг Чин од Кинеската академија на науките во Пекинг и неговите колеги пронајдоа пукнатини, кора и купчиња честички на врвот на песочните дини во марсовската рамнина Утопија Планиција, што може да се објасни само со присуството на течна вода пред повеќе од 400.000 до 1,4 милиони години.

„Песочните дини се помодерна форма на терен. Овие кори на површината на дините ги фиксираа песочните дини и ги спречија да се движат“, објаснува Чин.

Присуството на одредени соли во песокот ги навело кинеските научници да веруваат дека водата првично паднала на песочните дини како снег или мраз, кој подоцна се стопил и се измешале со песокот. Низ тој процес се формирани хидрирани минерали. По тој процес минералите се поврзувале, но по испарувањето на водата, се зацементирале на одредено место. На тој начин дошло до формирање напукната кора што ја регистрира камерата на роверот Zhurong.

„Процесот на кој настанале пукнатините е реален, како што објаснуваат кинеските научници. Реални се такви последици во такви услови“, вели независниот експерт Мет Балме од Отворениот универзитет во Велика Британија. Белме додава дека се уште постои можност овие пукнатини да се формирани преку некој друг геолошки процес на Марс, за кој научниците на Земјата се уште не се свесни.

Балме мисли дека со оглед на тоа колку песочни дини се видени на други мисии на Марс, можеби е вредно повторно да се разгледаат тие слики за да се види дали може да се најдат слични карактеристики на песочни дини таму.

е-Трн да боцка во твојот инбокс