На 13 години веќе е милионерка: Како Норт Вест изгради богатство што многумина не го заработуваат за цел живот?

Ќерката на Ким Кардашијан и Канје Вест има само 13 години, а веќе поседува богатство проценето на десетици милиони долари.

Додека повеќето 13-годишници размислуваат за училиште, пријатели и социјални мрежи, Норт Вест веќе е глобален бренд и милионерка. Ќерката на познатата ријалити ѕвезда Ким Кардашијан и музичарот Кајне Вест уште од најрана возраст е под светлата на рефлекторите, а тоа ѝ донесе заработка за која многумина можат само да сонуваат.

Според бројни медиумски проценки, богатството на Норт Вест надминува 50 милиони долари, додека некои извори тврдат дека сумата може да достигне и стотици милиони.

Норт беше во центарот на вниманието уште пред да се роди. Бременоста на Ким Кардашијан беше една од најследените теми во шоуто Keeping Up with the Kardashians, а интересот за нејзината ќерка продолжи и по раѓањето.

Нејзината прва голема модна соработка дојде веднаш по првиот роденден, кога позираше за легендарниот моден бренд Chanel. Оттогаш, Норт редовно се појавува на модни настани, во рекламни кампањи и на профилите на своето семејство кои ги следат стотици милиони луѓе ширум светот.

Покрај јавните настапи, таа заработува и преку бројни комерцијални проекти, медиумски ангажмани и брендови поврзани со семејството Кардашијан. Според американските медиуми, Ким Кардашијан веќе работи на долгорочна стратегија за развој на личен бренд на Норт, што би можело дополнително да ја зголеми нејзината вредност во иднина. Иако е тешко да се утврди точната сума на нејзиното богатство, едно е сигурно – Норт Вест веќе е меѓу најпознатите и највлијателни тинејџери во светот, а нејзината финансиска приказна само што започнува.

е-Трн да боцка во твојот инбокс