Еден викенд во овој хотел во Црна Гора чини над 10.000 евра

Островот хотел Свети Стефан сезоната ја почнува на 1 јули, а цените за сместување се далеку далеку над балканскиот, па дури и европскиот просек на елитен туризам

По четири години правни битки, една од најатрактивните туристички дестинации во Црна Гора повторно доби сопственик.

Најпознатиот хотел остров Свети Стефан повторно е раководен од компанијата Аман која управува со едно од најелитните туристички комплекси во светот.

Островот хотел Свети Стефан сезоната ја почнува на 1 јули, а цените за сместување се далеку далеку над балканскиот, па дури и европскиот просек на елитен туризам.

На официјалната страница на комплексот објавени се цените за сместување за тековната 2026 година.

Според офицјалниот ценовник цената за едно ноќевање во апартман за двајца, со квадратура од 60тина м2 чини 2973 евра.

Но, доколку сакате да изнајмите цела вила од 160 м2 со тераса и базен, тогаш цената за едно ноќевање е 5.173 евра, односно над 10.000 евра за еден викенд и над 35.000 за седум ноќи.

И ова се цени за месец октомври, затоа што како стои на официјалниот сајт, сите термини во јули, август и септември се поплнети, освен за обичните апартмани кои барем засега можат да се изнајмат и во термини во јули и август.

Во цената покрај сместувањето е вклучен појадок, како и бесплатно кафе, чај, вода и сокови и користење на лежалки на приватна плажа.

Покрај остроовот хотел, Аман управува и со Вила Милочер во непосредна близина на Свети Стефан.

Таму цените се поевтини, па така едно ноќевање во апартман со поглед на море чини 2.533 евра, додека ист таков апартман без поглед на море чини 2.203 евра од ноќевање.

Цените се исто за период септември – октомври а во нив е вклучена истата понуда како и за Свети Стефан.

Истовремено, дел од плажата кај Свети Стефан е отворена и за гости надвор од хотелот, но дневно изнајмување на чадор и сет лежалки изнесува 200 евра.

е-Трн да боцка во твојот инбокс