Најпопуларниот Јутјуб канал за технологија, Linus Tech Tips паузира со снимање видеа по контроверзиите

Еден од најпопуларните Јутјуб канали за технологија, Linus Tech Tips одлучи да прекине со снимање видеа една недела откако во јавноста се појавија контроверзии во врска со видео на кое оценува производ и поранешни вработени јавно се пожалија на мобинг.

Контроверзноста започна на 24 јуни со преглед на Linus Tech Tips за Моноблок, скап прототип на блок за водено ладење на графички картички. Производот го оценуваше основачот на LTT, Лајнус Себастијан и Адам Сонедергард, еден од истражувачите и писатели за каналот. Оценката за производот беше негативна, но и погрешна: тие го тестираа уредот на GeForce RTX 4090, иако беше дизајниран за 3090 Ti. И покрај тоа, Себастијан одби повторно да го тестира уредот за ладење на соодветниот графички процесор, велејќи дека не вреди да се трошат пари за тоа. За работите да биде уште полоши, LTT го даде на аукција на единствениот примерок од овој производ за добротворни цели кога завршија со снимање, наместо да го врати на производителот, Billet Labs, како што било договорено.

За овој инцидент повеќе се дозна на 14 август, кога конкурентниот Јутјуб канал за хардвер, Gamers Nexus објави видео во кое го критикува видеото за оценка на Моноблок и ја доведува во прашање пошироката „точност, етичност и одговорност“ на LTT. Тоа поттикна писмен одговор од Себастијан, кој призна дека видеото било креирано несмасно, но ја одбрани историјата на неговиот канал за транспарентност и прецизност. Проблемот со ова видео за оценка на Моноблок не била точноста на неговите заклучоци.

Сепак, ваквото извинување не помина најдобро. На Редит каналот за LTT имаше повеќе од 3200 одговори и преку 33 илјади допаѓања на објавата „Зошто Лајнус едноставено не ги признае своите грешки, да се извини и да продолжи да работи да ги подобри процесите?“. Бидејќи очигледно не спласнуваа рекациите, LTTобјави и видео на кое се појавуваат повеќе членови од лидерството на компанијата, вклучително и директорот Терен Тонг, кој дојде на позицијата пред само шест недели, финансискиот директор и сопруга на Лајнус, Ивон Хо, како и други директори на оддели. Во видеото се признава дека не е се како што треба во компанијата и дека поради тоа настрадала точноста во нивното видео. Вработените дури и упатуваат директна критика за начинот на кој Себастијан се справил со критиките и видеото за Моноблок.

„Ги прочитав критиките дека не сме биле подготвени да потрошиме 500 долари за тестирање на некој производ, а како некој што управува со финансиите, можам да ви кажам дека тоа не може да биде подалеку од вистината“, вели Хо во видеото. „Лајнус направи јасна и еклатантна грешка во проценката во врска со повторното тестирање на производот за кој сметаше дека е непрактичен. Тоа беше погрешно и јас му го кажав тоа. Дозволи личните чувства за целата ситуација да му го поматат размислувањето“.

Самиот Себастијан се појавува на крајот на видеото, признавајќи дека ја влошил ситуацијата со тоа што емотивно реагирал на критиките за кои сметал дека станале премногу лични. Тој се извини за ситуацијата со Моноблок, но, исто така, и повторно го бранеше начинот на кој LTT управува со ситуацијата зад сцената, велејќи дека компанијата се обидела да ги поправи работите со Billet Labs пред спорот да стане широко познат. Тој исто така рече дека во иднина, сите „кризни комуникации“ ќе се водат заедно со другите членови на лидерскиот тим на LTT.

„Ви должам да биде подобро момци и жал ми е“, рече Себастијан. „Исто така, ќе земам слободна недела за да се рефокусирам на она што е најважно, што ви ја носи најдобрата проклета содржина што можеме да ја направиме. Поминаа повеќе од 10 години – поминаа скоро 15 – но сè уште ја сакам технологијата, го сакам мојот тим, и иако нашата врска е малку нарушена во моментов, ја сакам оваа заедница и сето она што го претставува“.

Реакцијата на извинувањето исто така не беше баш најдобро прифатено, корисниците на Редит се пожалија видеото е шеговито, ги промовира продавницата и спонзорите на Linus Tech Tips и беше монетизирано, за што неколку редитори рекоа дека е во целосна спротивност со видеото на Gamers Nexus кои не го монетизираа видеото во кое го критикуваат LTT. Тие сепак потоа ја тргнаа монетизацијата од ова видео.

Поранешна вработена се пожали на мобинг

Фановите на LTT исто така оваа недела беа сведоци и на нишка на твитови од поранешната менаџерка за социјални медиуми во LTT, Медисон Рив, која рече дека била принудена да ја напушти компанијата пред две години поради токсичната работна атмосфера и притисокот за креирање на содржина што ѝ го уништиле менталното здравје. Во очите на многумина на Редит, наводите изнесени од Рив, кои вклучуваат случаи на сексуално вознемирување, го прават тонот на видеото со извинување уште понесоодветен.

Дирекеторот Тонг даде посериозен тон за тие наводи во изјавата испратена по е-пошта до PC Gamer.

„Бев во состојба на шок читајќи ги овие наводи“, напиша Тонг. „Тие не се конзистентни со вредностите на нашата компанија. Тие не се конзистентни со моето искуство со тимот во последните шест недели колку што сум тука. Ние се гордееме што одржуваме безбедна и инклузивна средина“, напиша Тонг. „Покрај нашите постоечки системи за пријавување (и анонимни и директни) денес проактивно интерно контактиравме за да ги охрабриме членовите на нашиот тим да пријават какво било малтретирање или вознемирување на работното место што би можеле да го искусат за да можеме да преземеме брза и решителна акција“ рекол Тонг.

Тој исто така најавил дека тимот за човечки ресурси ќе спроведе детална истрага за ваквите наоди и дека ќе ангажираат надворешна компанија да ги истражи тврдењата. Тонг најави дека LTT ќе ги објави резултатите од надворешниот истражител, како и соодветните акции кои ќе бидат преземени во однос на нив.

LTT е најпопуларниот канал фокусиран на компјутерски хардвер на Јутјуб, но јасно е дека многу следбеници се незадоволни: има позитивни одговори за денешното видео на YouTube, но на 138те илјади „лајкови“ се спротивставени 104 илјади дислајкови. Бројот на претплатници на Јутјуб исто така се намали во текот на неколку дена, од 15,6 милиони на 15,5 милиони денес.

Извор: PC Gamer

е-Трн да боцка во твојот инбокс