Без разлика на причината, врските исполнети со постојани борби стануваат токсични и ги оставаат партнерите исцрпени и несреќни. Четири комбинации на хороскопски знаци можат да бидат особено токсични.
Овен и Рак
Овенот, познат по својата импулсивност и директност, често доаѓа во конфликт со чувствителниот и емотивен Рак. Овенот сака да ги реши проблемите што е можно побрзо, додека Ракот се повлекува и длабоко го анализира секој збор, што често доведува до недоразбирања и кавги.
Близнаци и Девица
Близнаците се лелеави, непредвидливи и секогаш во движење, додека Девицата сака ред, стабилност и предвидливост. Разликите во нивните карактери доведуваат до фрустрации на двете страни. Близнаците мислат дека Девицата е многу сериозна и премногу критикува, додека Девицата ги гледа Близнаците како површни и неодговорни личности.
Лав и Шкорпија
Овие два знака се подеднакво силни и страсни, но токму поради тоа можат да влезат во конфликти. Лавот сака да биде во центарот на вниманието и бара признание, додека Шкорпијата е таинствена и посесивна. Нивната борба за доминација и контрола често завршува со насилни конфликти.
Вага и Јарец
Вагите тежнеат кон хармонија и сакаат да се дружат со луѓе, додека Јарецот е сериозен, амбициозен и понекогаш ладен. Бидејќи имаат различни приоритети во животот, кои често не можат да ги помират, тие се склони кон конфликти и фрустрации.