Внимание: Колку пари требаат за искачање денес?

Колку пари се потребни за едно искачање денес? Од 500 денари до 200 евра – граѓаните во анкетата на „Внимание“ зборуваат за трошоците, плаќањето пијачки и излегувањето без пари.

Во најновата анкета на „Внмание“ ги прашуваме граѓаните: Колку пари ти требаат за искачање денес? – „500 денари ако сакам кафе да пијам и да јадам, а за навечер сигурно поише“, „едно 50 евра, да испиеш кафе, да почастиш“, „1.500 денари сигурно…“, „Околу 200 евра, ако одиме до крај, да одиме до крај.“
А еве што прават граѓаните ако немаат пари, а им се искача: „Ништо, јас ќе си лижам прстите, другите пијат…“, „Нема да трошам, ќе излезам само да се прошетам…“, „Нема искачање, некад сум трпел и за одмор и за се…“, „Си седам дома брат, си играм Сони“.

Ги прашавме граѓаните и дали машките треба да плаќаат пијачка, или сега постојат некои нови правила: „Обично, машко по бон-тон треба, ама не секогаш машките треба да плаќаат, некојпат и женските треба да платат, поштено е така“, „Договор е тоа, кој колку пари има“, „Не мора да значи, не живеам по тие стандарди“, „Ако сака машкото да плати, нека плати, ако не, не мора… Ако има пари, и ако не е скржав“, „Секој треба да плати пијачка, на кој му се пие, треба да си ја плати“ – поентираше шанкерот во еден локал.

е-Трн да боцка во твојот инбокс