МЗ: Нема регистриран ниту еден пациент поради конзумирање вода во Скопје

„Министерството продолжува активно да ја следи состојбата и навремено ќе информираме за сите релевантни податоци“ велат од МЗ
фото: Порталб.мк

Министерството за здравство ја информира јавноста дека досега нема ниту еден регистриран, ниту хоспитализиран пациент, чија здравствена состојби се поврзува со консумирање загадена вода во Скопје.

Ова го потврди и директорот на Инфективната клиника, д-р Фадил Цана на денешната прес-конференција во Министерство за здравство, како и одговорните лица од Институт за јавно здравје и Центар за јавно здравје-Скопје, кои исто така,  информираа дека досега не се регистрирани вакви случаи.

„Министерството продолжува активно да ја следи состојбата и навремено ќе информираме за сите релевантни податоци.

Воедно, апелираме за точно вистинито и објективно информирање , како и проверка на сите факти пред објавување информации, кои ја засегаат јавноста“ се наведува во соопштението од МЗ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс