Како да ја отстраните мувлата од тушот и да спречите повторно да се појави?

Постојаната влага во бањата, остатоците од сапун и наслагите од минерали го претвораат тушот во идеално место за развој на мувла. Експертите за чистење објаснуваат како безбедно да ја отстраните со средства што веќе ги имате дома и кога е време тушот да се замени.

Пред чистењето секогаш треба да се провери упатството на производителот, бидејќи различните модели имаат различни барања. Најпрвин треба да се вклучи вентилаторот или да се отвори прозорецот, а за заштита од прскање се препорачуваат ракавици и заштита за очите. Ако моделот го дозволува тоа, тушот се одвртува, се мие со топла вода и малку детергент за садови, а потоа се четка со мека четка за заби околу дупчињата и спојовите.

За отстранување на минералните наслаги, тушот се потопува во сад со бел оцет. Ако не може да се одврти, оцетот се става во пластична кеса што се прицврстува околу тушот со ластик, така што дупчињата да бидат потопени. Тушот се остава да отстои од 30 минути до еден час, потоа повторно се четка, се плакне и неколку минути низ него се пушта топла вода, по што се брише со крпа од микрофибер.

Оцетот е одличен против каменецот, благата мувла и бактериските наслаги, но не е силно средство за дезинфекција. Кај видлива мувла, експертите советуваат потопувањето да трае подолго и тушот да се чисти потемелно. Ако мувлата брзо се враќа, проблемот е во самиот туш или во влажноста на бањата.

Мувлата обично се појавува како црни, темнозелени, кафеави или розови точки и може да има мирис на влага. Минералните наслаги се бели, кредести или зеленикави и формираат тврда кора околу дупчињата, додека остатоците од сапун изгледаат заматено, масно или лизгаво. Сепак, бојата сама по себе не е доказ за мувла, па најпрактично е површината да се исчисти и да се види што ќе остане.

Некои средства за чистење никогаш не смеат да се мешаат. Белилото и оцетот заедно ослободуваат отровен хлор, а белилото со амонијак создава токсични пареи, па не треба да се користат ниту едно по друго без темелно плакнење. Белилото воопшто не се препорачува, бидејќи може да ги оштети месингот, никелот и другите премази, како и гумените заптивки, а абразивните средства ја гребат површината и создаваат нови места за наслаги.

Тушот треба редовно да се проверува и темелно да се чисти барем на неколку месеци, а почесто ако водата е тврда или бањата е многу влажна. Меѓу чистењата, вентилаторот треба да се вклучи или прозорецот да се отвори уште пред туширањето, а завесата да се остави отворена за подобро проветрување. Тушот никогаш нема да биде целосно сув, но клучно е да не остане влажен цел ден, па по потреба може да се избрише со крпа.

Понекогаш тушот не може да се спаси ни со темелно чистење. Време е за замена кога мувлата постојано се враќа, кога дупчињата се тешко затнати, кога премазот е оштетен или кородиран и кога мувлата е во делови до кои не може да се стигне. Луѓето со ослабен имунитет, астма, алергии или респираторни проблеми, како и малите деца и постарите, не треба сами да чистат мувла, а стручна помош е потребна и кога таа зафаќа површина поголема од околу еден квадратен метар или постои сомнеж дека е во ѕидовите.

Мувла на тушот е почест проблем отколку што мислиме, бидејќи тој постојано е влажен, а бањата е една од највлажните простории во домот. Кога на тоа ќе се додадат остатоците од сапун и наслагите од минерали што се собираат околу дупчињата и спојовите, тушот станува вистинско легло за мувла. За среќа, ваквите наслаги најчесто се мали и можат да се отстранат со средства што веројатно веќе ги имате дома.

Пред чистењето секогаш треба да се провери упатството на производителот, бидејќи различните модели имаат различни барања. Најпрвин треба да се вклучи вентилаторот или да се отвори прозорецот, а за заштита од прскање се препорачуваат ракавици и заштита за очите. Ако моделот го дозволува тоа, тушот се одвртува, се мие со топла вода и малку детергент за садови, а потоа се четка со мека четка за заби околу дупчињата и спојовите.

За отстранување на минералните наслаги, тушот се потопува во сад со бел оцет. Ако не може да се одврти, оцетот се става во пластична кеса што се прицврстува околу тушот со ластик, така што дупчињата да бидат потопени. Тушот се остава да отстои од 30 минути до еден час, потоа повторно се четка, се плакне и неколку минути низ него се пушта топла вода, по што се брише со крпа од микрофибер.

Оцетот е одличен против каменецот, благата мувла и бактериските наслаги, но не е силно средство за дезинфекција. Кај видлива мувла, експертите советуваат потопувањето да трае подолго и тушот да се чисти потемелно. Ако мувлата брзо се враќа, проблемот е во самиот туш или во влажноста на бањата.

Мувлата обично се појавува како црни, темнозелени, кафеави или розови точки и може да има мирис на влага. Минералните наслаги се бели, кредести или зеленикави и формираат тврда кора околу дупчињата, додека остатоците од сапун изгледаат заматено, масно или лизгаво. Сепак, бојата сама по себе не е доказ за мувла, па најпрактично е површината да се исчисти и да се види што ќе остане.

Некои средства за чистење никогаш не смеат да се мешаат. Белилото и оцетот заедно ослободуваат отровен хлор, а белилото со амонијак создава токсични пареа, па не треба да се користат ниту едно по друго без темелно плакнење. Белилото воопшто не се препорачува, бидејќи може да ги оштети месингот, никелот и другите премази, како и гумените заптивки, а абразивните средства ја гребат површината и создаваат нови места за наслаги.

Тушот треба редовно да се проверува и темелно да се чисти барем на неколку месеци, а почесто ако водата е тврда или бањата е многу влажна. Меѓу чистењата, вентилаторот треба да се вклучи или прозорецот да се отвори уште пред туширањето, а завесата да се остави отворена за подобро проветрување. Тушот никогаш нема да биде целосно сув, но клучно е да не остане влажен цел ден, па по потреба може да се избрише со крпа.


Понекогаш тушот не може да се спаси ни со темелно чистење. Време е за замена кога мувлата постојано се враќа, кога дупчињата се тешко затнати, кога премазот е оштетен или кородиран и кога мувлата е во делови до кои не може да се стигне. Луѓето со ослабен имунитет, астма, алергии или респираторни проблеми, како и малите деца и постарите, не треба сами да чистат мувла, а стручна помош е потребна и кога таа зафаќа површина поголема од околу еден квадратен метар или постои сомнеж дека е во ѕидовите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс