Филип Стојановски: На „Мостот на уметноста“ нема ниту една жена

Неговата објава повторно ја отвори дебатата за симболиката на „Скопје 2014“, критериумите за избор на јавни споменици и видливоста на жените во културата.

„Мостот на уметноста“ во центарот на Скопје повторно го отвори прашањето за тоа кого државата избрала да го овековечи во јавниот простор. Комуникологот и медиумски активист Филип Стојановски објави дека на мостот кај ГТЦ нема ниту една статуа на жена, оценувајќи дека таквата поставеност испраќа порака дека ниту една македонска уметница не заслужила место меѓу триесетината скулптури.

Во својата реакција, Стојановски отвора и поширока дилема: по кои критериуми биле избирани личностите претставени на овој објект од проектот „Скопје 2014“ и каков воспитен ефект има јавниот простор што ја оттурнува жената од културната меморија. Тој предупредува дека ваквите симболи влијаат врз јавната свест и врз пораката што државата ја испраќа до младите девојки кои сакаат да се занимаваат со уметност. Целиот текст може да го погледнете во продолжение:

Темата дополнително ја отвора и финансискиот аспект на објектот. Според базата „Скопје 2014 под лупа“ на БИРН, „Мостот на уметноста“ чинел 2.342.194 евра, односно повеќе од 2,3 милиони евра.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни