Мостар прогласи вонредна состојба поради пожарот на депонијата

Од Градот Мостар прогласија вонредна состојба и предупредија дека на депонијата горат материјали кои испуштаат штетни честички

Силен пожар гори на депонијата во близина на Мостар.

Утрово, покрај депонијата, гори и дел од административниот објект, како и скалдиште за гуми, па густ црн чад го прекри целиот град, јавуваат медиумите од БиХ.

Пожарот од утринава го гасат мостарските противпожарни служби со повеќе возила и припадниците на Оружените сили на БиХ со цистерни, а во гаснењето од воздух е вклучен и авионот „Ер трактор“.

Од Градот Мостар прогласија вонредна состојба и предупредија дека на депонијата горат материјали во подлабоките слоеви, па густиот чад со нездрави честички се шири кон населените места.

На граѓаните им се препорачува да не излегуваат ако не мораат, да ги избегнуваат сите активности на отворено во пошироката околина на депонијата и да ги затворат прозорците и вратите на куќите и становите. Посебно внимание се препорачува во текот на ноќта и наутро, кога чадот, поради временските услови, се спушта поблиску до земјата.

На жителите во близина на депонијата им е препорачано и да не ја користат водата од отворените бунари и извори додека надлежните санитарни и епидемиолошки служби не потврдат дека е безбедна за употреба.

е-Трн да боцка во твојот инбокс