Москва во текот на ноќта била нападната со над 390 дронови

Градоначалникот Собјанин тврди дека 81 дрон бил уништен пред да стигне до градот; руското министерство соопшти поинаков вкупен број без појаснување.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, соопшти дека кон градот се упатиле над 390 дронови, од кои 81 биле уништени пред да стигнат до градот. Рускoто Министерство за одбрана наведе дека во период од 13 часа, од понеделник навечер до утринава, биле неутрализирани 356 дронови над петнаесетина региони, вклучувајќи ја московската област.

Собјанин преку Telegram истакна дека поголемиот дел од дроновите биле неутрализирани многу пред да стигнат до градот. Гувернерот на Московска област, Андреј Воробјов, на истата платформа соопшти дека е оштетена една станбена зграда и повеќе куќи. За жртви засега нема податоци.

Рускoто Министерство за одбрана наведе дека во наведениот период биле неутрализирани 356 украински дронови над петнаесетина региони. Разликата во бројките не е појаснета, пренесува француската агенција АФП.

Украински медиуми, повикувајќи се на воени блогери, известуваат дека во нападите наводно била погодена фабриката Хидросталконструкција во Чехов, во Московска област. Порталот Kyiv Independent пишува дека е погодено и складиште во населба јужно од Москва, како и трафостаница во Феодосија, град на окупираниот Крим.

е-Трн да боцка во твојот инбокс