Мажите во Македонија во просек умираат на 72,2 години, жените на 76,6

Во 2025 година во Македонија починале 20.287 лица, а жените во просек умирале 4,4 години подоцна од мажите, покажуваат податоците на ДЗС.

Во 2025 година во земјава починале 20.287 лица, што е зголемување од 0,4 проценти во однос на претходната година.

Во Македонија во 2025 година починале 20.287 лица, што претставува зголемување од 0,4 проценти во споредба со 2024 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Поголем дел од починатите се мажи. Од вкупниот број, 10.498 биле од машки пол, а 9.789 од женски пол. Според податоците, во 2025 година починале и 62 доенчиња, што претставува 0,3 проценти од вкупниот број умрени лица.

Просечната возраст кај починатите мажи изнесува 72,2 години, додека кај жените е 76,6 години. Тоа значи дека жените во просек умирале 4,4 години подоцна од мажите.

Најголем број смртни случаи биле регистрирани во јануари, кога починале 2.002 лица. Најмал број смртни случаи имало во април, кога биле регистрирани 1.506 починати.

Најчеста причина за смртност во земјава остануваат болестите на циркулаторниот систем, кои учествуваат со 34 проценти во вкупниот број смртни случаи. По нив следуваат неоплазмите со 19,6 проценти, ендокрините, нутритивните и метаболичките болести со 6,5 проценти и болестите на респираторниот систем со 3,7 проценти.

Овие податоци повторно покажуваат дека хроничните заболувања, особено кардиоваскуларните болести и малигните заболувања, остануваат главен здравствен предизвик за населението во Македонија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс