Fashion Weekend Skopje powered by UNIBank ја најавува својата 33-та сезона, која ќе се одржи од 30 октомври до 1 ноември 2026 година во Музејот на современата уметност – Скопје, Галерија бр. 4.
33-то издание отвора нов простор за дијалог меѓу облеката, уметноста, телото и архитектурата, поставувајќи едно суштинско прашање: Што се случува кога модата престанува да биде само облека и станува уметнички објект, визуелен јазик и носител на идеи?
Оваа сезона, FWSK ја поместува границата меѓу модната писта и галерискиот простор. Облеката ја согледуваме не само како предмет што се носи, туку и како артефакт, скулптура и жива инсталација – создадена за телото, движењето и просторот.
Во партнерство со УНИБанка, генералниот партнер на FWSK33, ова издание ја истакнува модата како современа креативна сила која ги поврзува естетиката, иновацијата, претприемништвото и заедницата. Модата се надминува себеси – станува дел од поширок културен и општествен дијалог.
Во фокусот на FWSK33 е и одржливоста – не само како одговорност на модната индустрија, туку и како културно и општествено прашање. Како создаваме? Што вреднуваме? Што избираме да зачуваме? И како преку модата можеме да создадеме поодговорен однос кон ресурсите, луѓето, културното наследство и иднината?
Во текот на три дена, програмата ќе обедини модни ревии, изложби, перформанси, јавни разговори, предавања и меѓународни проекти, со учество на дизајнери, уметници, куратори, образовни институции и културни професионалци од земјата и регионот.
Посебен акцент оваа сезона ќе биде ставен на односот меѓу модата и современата уметност, на новите форми на креативна соработка и на одржливоста како една од темите што сè посилно го дефинираат идниот правец на модната индустрија.
Дел од оваа насока е и Wear the Change: Fashion Auction with a Cause, иницијатива на Никола Булевски, Македонското Модно Здружение и граѓанската организација КОНЕКТ, која преку модата повторно ја поврзува креативноста со филантропијата и ја претвора модната сцена во простор за поддршка, солидарност и позитивна промена.
Деталната програма и учесниците на FWSK33 погледнете ги на нашата веб-страница.
Генерален партнер на 33. сезона е УНИБанка, во партнерство што го поддржува развојот на Fashion Weekend Skopje како современа културна и креативна платформа, каде што модата се поврзува со иновацијата, претприемништвото, уметноста и заедницата.
Официјален партнер е Perwoll, Healthy & Tasty Partner е Coach Foods, партнер за нега е Kalinka, официјален партнер за освежување-вода Ladna. Партнер за шминка е AURA козметика, во соработка со СУГС „Димитар Влахов“. Проектни партнери на 33. сезона се Gordons Gin, Франк Зелен чај, Dusha Winery, ZIA Jewelry, Proud to be Rare и Аманти паста.
Со својата 33. сезона, Fashion Weekend Skopje повторно го проширува значењето на модниот настан.
Не само писта. Не само колекции. Не само публика.
Туку место каде што модата се гледа, се преиспитува, се носи и се става во контекст на времето во кое живееме.
Придружете ни се во 33-та сезона на Fashion Weekend Skopje powered by UNIBank.