Млад Македонец скрши вратен пршлен во Турција, се враќа со владин авион

Со медицинска придружба и владиниот авион, утре во земјава ќе биде пренесен македонскиот државјанин кој се здоби со тешка повреда на летување во Бодрум.

Млад македонски државјанин се здоби со тешка телесна повреда и скршеница на вратен пршлен по пад од тобоган за време на одмор во Бодрум, Турција. По одобрување од турските здравствени власти и домашните институции, момчето утре ќе биде пренесено во Македонија со владиниот авион. Во авионот ќе има и медицински тим за следење на неговата здравствена состојба за време на летот.

Турските здравствени власти дадоа согласност момчето да се транспортира со авион наместо со медицинско возило по пат. На барање на семејството, Фондот за здравствено осигурување и Министерството за здравство ја одобрија одлуката за користење на владиниот авион за оваа намена.

Службата за општи и заеднички работи потврди дека авионот е ставен на располагање за хуманитарниот медицински транспорт. Во текот на целиот лет, специјализиран медицински тим ќе се грижи за виталните параметри на повредениот патник до неговото пристигнување во домашните здравствени установи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс