Мизар во МКЦ

На 15.12.2024 (недела) во ‘’МКЦ’’ , Скопје ќе се одржи концертот на култната македонска група ‘’Мизар’’, со почеток во 20 часот. Билетите се во продажба на касата на МКЦ како и преку нивниот систем за интернет продажба.

Декември е месецот кога ќе започне интензивна концертна активност на ‘’Мизар’’, со концертите во Скопје и во Белград, а ќе продолжи и во 2025 год. со гостувања по регионалните балкански центри. Годинава беше реиздадено винилното издание на нивниот легендарен истоимен прв албум, од страна на матичниот издавач ‘’Хелидон’’ , а набрзо следи и реизданието на вториот албум ‘’Свјат dreams 1762-1991’’.

 Групата работи на својот нов албум и за почеток веќе може да се чуе првата песна од него, ‘’Псалм 135’’:

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни