Денот во Македонија почна мирно, со променлива облачност и сончеви периоди, но попладнето носи поинаква слика. Според прогнозата, од пладневните часови во повеќе делови од земјава се очекува повремен локален дожд, а можно е и краткотрајно дестабилизирање на времето со пороен дожд и ретки грмежи.
Ќе дува слаб до умерен ветер, а во западните делови повремено се очекува и засилен ветер од западен правец. Температурите ќе останат во типично пролетен опсег, со минимални вредности од 3 до 10 степени и максимална дневна температура од 16 до 23 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, со мирен старт на денот и попладневен пресврт. Во делови од котлината се очекува повремен дожд, проследен со слаб до умерен ветер од северен правец, а температурата ќе достигне до 21 степен.
И утре времето ќе остане нестабилно. Се најавуваат повремени врнежи од дожд, локално и пообилни, со услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, што значи дека пролетното време и натаму ќе биде променливо и непредвидливо.