Мини Олимписките игри во Кавадарци ги обединија спортот и над 150 млади

Учениците преку спортски и едукативни активности ги промовираа олимписките вредности, а за училиштата беа донирани спортска опрема, инвентар и реквизити.

Повеќе од 150 ученици од основните училишта во Кавадарци учествуваа на вторите Мини Олимписки игри 2026, кои успешно се одржаа во рамки на ОВЕП програмата, поддржана од Олимписка солидарност.

Настанот беше исполнет со спортски дух, позитивна енергија и ентузијазам, а учениците преку шест спортски и едукативни активности имаа можност да ги покажат олимписките вредности: фер плеј, почит, пријателство и тимска работа.

Секој ученик доби маичка, сертификат и медал за учество, додека најуспешните тројца натпреварувачи беа наградени со трофеи. Во подготовката и реализацијата на активностите учествуваа и 10 наставници, кои работеа со учениците на совладување на олимпискиот образовен материјал.

На настанот присуствуваа наставници, директори на училиштата и претставници од секторот за образование при Општина Кавадарци. Од општината и од директорите беше изразена подготвеност за продолжување и продлабочување на соработката со Комитетот, со цел понатамошна промоција на спортот и олимписките вредности во градот.

Во рамки на активностите беа донирани спортска опрема за две училишта, како и училишен инвентар и реквизити што ќе помогнат во реализацијата на идни едукативни и спортски активности со учениците.

Мини Олимписките игри 2026 уште еднаш ја потврдија важноста на спортот како алатка за едукација, социјализација и градење позитивни вредности кај младите. Настанот е дел од заложбите за континуирана промоција на олимпискиот дух и спортската култура меѓу новите генерации.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни