Надбискупот на Минхен и Фрајзинг, кардинал Рајнхард Маркс, со неодамнешно писмо им дозволи на свештениците во својата бискупија да благословуваат истополови парови. Овој чекор претставува значајна промена во пристапот кон верниците со различна сексуална ориентација.
Маркс го препорачал прирачникот изготвен од Германска бискупска конференција и Централен комитет на германските католици како основа за пасторална работа. Документот, усвоен минатата година под наслов „Благословот ја зајакнува љубовта“, нагласува дека црквата треба да им изрази признание на паровите поврзани со љубов и да им понуди поддршка.
Целта е да се зајакне практика која веќе постои на многу места, односно со благослов да се придружуваат различни парови, вклучувајќи разведени и повторно венчани, како и оние кои не можат или не сакаат да склучат црковен брак.
Иако документот е усогласен со ставовите на Ватикан и политиките од времето на Папа Франциск, оваа одлука предизвикува поделени реакции, особено меѓу конзервативните кругови во католичката заедница.