Михаела И.Н.С. и Кокиче на „Културен импулс“ во Гостивар

Младата и талентирана Михаела Антеска се води под уметничкото име MIHAELA I.N.S.Кокиче се Филип Методиев на гитара, Дарио Циевски на тапани и електроника, Теодор Јуруковски на синтисајзер и Раде Биковски на бас

Во сабота со почеток од 20:30 Михаела И.Н.С. и Кокиче ќе настапат на „Културен импулс“ што ќе се оддржи на Амфитеатарот во Гостивар.

Младата и талентирана Михаела Антеска се води под уметничкото име MIHAELA I.N.S.

Нејзината љубов кон музиката започнува уште од рана седумгодишна возраст, кога ја добива својата прва гитара. Обожава да свири и се инспирира од некои од најголемите гитаристи и рок-групи на сите времиња; нешто подоцна започнува да пее, па да пишува и компонира сопствени песни.

Така во 2022 година се раѓа нејзината прва песна со наслов “Insecurities”, а година подоцна објавен е и видео запис. Бунтовна, полна со харизма, но и нежна – Михаела сака да ги поттикне луѓето да чувствуваат и да сонуваат и да не престануваат да се борат за љубов и мир.

Кокиче се Филип Методиев на гитара, Дарио Циевски на тапани и електроника, Теодор Јуруковски на синтисајзер и Раде Биковски на бас.

Станува збор за импровизирана музика околу теми кои шараат од џез и класика до некаков си рок и ноиз. Сè уште млади како бенд, полека и сигурно го обликуваат својот звук, кој се сотои од детски мелодии, богати хармони и чудни звуци со шашави тапани.

Дизајнот на постерот е на Дона Илијевска „Културен импулс“ се случува во организација на Дона Илијевска, како дел од програмата „Акции за заедницата: Мобилизирање на граѓан(к)ите за локални решенија“ поддржан од National Endowment for Democracy

е-Трн да боцка во твојот инбокс