Роден на денешен ден 1547 – Мигел де Сервантес

„Кога се чини дека и самиот живот е лудачки, кој би знаел каде лежи лудоста? Можеби, лудост е да се биде премногу практичен. Да се откажеш од сништата – можеби тоа е лудост. Премногу умност – може да е лудост – а, најлудачки од се: да го гледаш животот онаков каков што е, а не каков што би требал да биде!“

На денешен ден ja славиме годишнината од раѓањето на Мигел де Сервантес, писател, поет, драматург и според многумина, творец на модерниот роман, кој му ја остави на светот трајната приказна за Дон Кихот, романтичен идеалист, кој се поклонува на ветерниците. „Дон Кихот“ се смета за претходник на различни литературни жанрови, вклучувајќи го романот, сатирата, па дури и модерната авантуристичка приказна.

Авторот на романот кој направи револуција во литературата со воведување сложени ликови, иновативни наративни техники и длабоки тематски истражувања, поставувајќи ја основата за модерниот роман и влијаејќи врз безброј писатели и уметници низ вековите, е роден на 29 септември 1547 во Алкала де Енарес, мало место во близината на Мадрид, како четврто од седумте деца на сиромашниот благородник, Родриго де Сервантес и неговата сопруга Леонор де Кортинас.

На почетокот на книжевното творештво, Сервантес бил поет и пишувал елегии и сонети. Првиот познат текст на Сервантес датира од 1567 година, сонет посветен на кралицата Изабела, по повод раѓањето на нејзината ќерка Каталина Микаела.

На 12 април 1605 година, Сервантес го објавува првиот дел од романот „Дон Кихот“, а во 1615 и вториот дел на делото кое ќе има силно влијание врз уметноста, театарот и популарната култура.

Дон Кихот направи револуција во литературата со воведување сложени ликови, иновативни наративни техники и длабоки тематски истражувања, поставувајќи ја основата за модерниот роман и влијаејќи врз безброј писатели и уметници низ вековите. Заблудите на Дон Кихот ги предизвикуваат перцепциите за разумот и реалноста, поттикнувајќи ги читателите да размислуваат за нивните сопствени верувања и природата на вистината. Сервантес за прв пат користи сатира за да го критикува современото општество, вклучувајќи прашања за класа, витештво и пад на благородните идеали. Главните ликови на Дон Кихот се насловниот лик, неговиот помошник, Санчо Панса и Дулсинеа, која живее во имагинацијата на Кихот.

Дон Кихот на Сервантес за многумина е револуционерно достигнување, одржлив измислен наратив од повеќе од илјада страници што демонстрира владеење на уметност што е малку помалку од чудесна. Во романот ја внесува мудрост, дава увид во човечката психологија и длабоко сочувство за човештвото, и покрај неговите недостатоци. Преку ликот на Дон Кихот, Сервантес создаде безвременски симбол на трајниот човечки дух, оној кој се осмелува да сонува и да го следи навидум невозможното.

„Кога се чини дека и самиот живот е лудачки, кој би знаел каде лежи лудоста? Можеби, лудост е да се биде премногу практичен. Да се откажеш од сништата – можеби тоа е лудост. Премногу умност – може да е лудост – а, најлудачки од се: да го гледаш животот онаков каков што е, а не каков што би требал да биде!“

Романот Дон Кихот низ вековите инспирираше безброј адаптации, интерпретации и уметнички дела низ различни медиуми. Романот е преведен и на многу јазици, со што приказната и визијата на Сервантес е достапна за луѓето ширум светот.

„Дон Кихот“ постигнал огромен успех. Бројни изданија биле објавени низ цела Европа во XVII век. Дури и на американскиот континтент, каде што Црквата ги забранувала сите романи како грешни одвлекувања на внимание, било познато дека публиката ужива во пиратски изданија. „Дон Кихот“ е меѓу најпреведуваните книга по Библијата и според неодамнешното истражување на 100 романсиери, најдобрата книга на сите времиња, а Сервантес останува еден од највлијателните писатели на сите времиња.

 Покрај романот „Дон Кихот“, во два дела, Сервантес ги напишал и трагедијата „Нуманција“, пасторалната повест „Галатеја“, збирката „Поучни раскази“.

Сервантес умрел на 22 април 1616 година, во куќата на улицата Леон, во Мадрид, а бил закопан следниот ден, во блискиот манастир на Босите тринитарки, на улицата Кантаранас.

Неговото наследството живее преку страниците на „Дон Кихот“, преку преку сцената во која Дон Кихот се поклонува на ветерниците, сцена која стана синионим и кореографија за напад на имагинарните непријатели. Романот и денес останува да нè потсетува на трајната моќ на литературата да ја расветли сложеноста на човечкото искуство.


е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни