Мета ќе ги шпионира вработените за да обучува своја вештачка интелигенција

Мета воведува софтвер кој ги следи вработените во САД – секој клик и притисок на тастатура се користи за обука на АИ модели.

Компанијата Мета воведува нов софтвер за следење на компјутерите на вработените во САД со цел снимање на движењата на глувчето, кликовите и чукањето на тастатура, како би ги користела за обука на своите модели на вештачка интелигенција. Ова е дел од поширока иницијатива за изградба на АИ агенти кои самостојно можат да извршуваат работни задачи.

Компанијата тоа им го соопштила на вработените преку интерни документи до кои имал увид и Ројтерс.

Алатката, наречена Иницијатива за унапредување на способностите на моделот (Model Capability Initiative – MCI), ќе работи на работни апликации и веб-страници, а повремено ќе прави и снимки од содржината на екраните на вработените, според еден од документите.

Целта е, како што навеле, да се унапредат АИ моделите на компанијата во областите каде им е тешко да ја имитираат човечката интеракција со компјутерот, како изборот на опции од паѓачки менија и употребата на кратенки на тастатура.

„Овде сите вработени во Мета можат да им помогнат на нашите модели да станат подобри едноставно работејќи ја својата секојдневна работа”, стои во еден документ.

Компанијата, сопственичка на Фејсбук и Инстаграм, интензивно ја интегрира АИ во своите работни текови и ја преобликува работната сила така што да биде усогласена со таа технологија, тврдејќи дека тоа ќе ја направи компанијата поефикасна.

Главниот технички директор на Мета, Ендру Босворт, им рекол на вработените во посебен документ испратен во понеделник дека компанијата ќе го засили собирањето на интерни податоци како дел од тие иницијативи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни