Мета планира да постави подморски интернет кабел долг 50.000 километри околу целата планета

Проектот „Вотерворт“ вклучува изградба и поставување на масивен подморски кабел долг 50.000 километри, кој ќе ја опфаќа целата планета и ќе поврзе пет континенти.

Гигантот „Мета“ – кој ги поседува Facebook, Instagram и WhatsApp – сака да го прошири своето присуство во областа на технологијата надвор од социјалните мрежи, вклучувајќи ја и вештачката интелигенција, како и потребната инфраструктура за поддршка.

Новиот проект за подморски кабли ќе обезбеди исклучително поврзување меѓу пет големи континенти и ќе им помогне на идните планови на Мета во областа на вештачката интелигенција.

„Проектот ќе овозможи подобра економска соработка, ќе обезбеди дигитално вклучување и ќе отвори можности за технолошки развој во овие области“, наведува Мета.

Кабелот ќе биде најдолгиот кабел некогаш направен, со структура на влакна од 24 парови, што овозможува поголем капацитет.

Подморските кабли станаа исклучително важни во последните децении бидејќи овозможуваат функционирање на бројни дигитални услуги и брз пренос на огромни количини на податоци.

Доволно е да се каже дека повеќе од 95% од интернет сообраќајот во светот се пренесува преку подморнички кабли.

Телекомуникациската компанија Telegeography наведува дека околу 600 подморски кабли моментално се користат низ целиот свет.

Еден од нив е кабелот „2Africa“, кој го финансираа Мета и мобилните оператори Оранж, Водафон и Чајна Мобајл, а е долг 45.000 километри и поврзува три континенти.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни