Search

Мерлин Монро секое утро појадуваше пијалок од две состојки

Иако беше позната по својот изглед и актерски способности, можеби не сте знаеле дека Мерлин Монро уживала во готвењето. Но, поради бројните обврски немала време да подготвува сложени оброци, па преживувала со брзи и лесни оброци со висока содржина на протеини, кои и ја обезбедувале потребната енергија.

Така, секое утро појадувала топло млеко со сурови јајца. Во една статија за нејзините навики во исхраната и режимот на вежбање, објавена во списанието Pageant во 1952 година, Монро открила дека секое утро пред да се истуширала, го загревала млекото на решо што го чувала во својата соба.

„Кога млекото е жешко, кршам две сурови јајца, ги матам во млекото со вилушка и го пијам тоа додека се облекувам“.

Монро никогаш не спомнала што имала за ручек, па се претпоставува дека тоа е оброк што го прескокнувала. Но, за вечера се почастувала со месо, од кое најмногу сакала стекови, јагнешки котлети и џигер.

Најново

Последни колумни