Меркур, планетата на комуникацијата, на 9 август го напушта знакот Рак и влегува во Лав, каде ќе остане до 25 август. Според астролозите, овој транзит носи повеќе самодоверба, храброст и можности за успех, особено за Лавовите, Стрелците и Овните.
Во овој период ќе биде полесно да ги искажете своите идеи, да преговарате, да настапувате во јавност и да започнете важни разговори – и на работа и во љубовта.
Лав
Меркур во вашиот знак ви носи добри вести, нови можности и поголема самодоверба. Очекувајте признанија, успешни договори и позитивни пресврти.
Стрелец
Пред вас е период поволен за патувања, образование и професионален напредок. Можно е да добиете вест што долго ја очекувате.
Овен
Креативноста и енергијата ќе бидат на високо ниво. Овој период е одличен за нови проекти, љубовни разговори и финансиски можности.
Иако транзитот носи оптимизам и инспирација, астролозите предупредуваат дека Меркур во Лав може да ја засили тврдоглавоста и желбата секогаш да се биде во право. Затоа, покрај самоувереноста, важно е да се слушне и туѓото мислење.