Мерц предлага нов модел за Украина: Придружно членство во ЕУ како чекор кон целосен влез

Германскиот канцелар Фридрих Мерц предлага Украина да добие статус на придружна членка на Европската Унија како преоден чекор кон полноправно членство и дополнителна безбедносна гаранција.

Германскиот канцелар предложи Украина да добие статус на „придружна членка“ на, како преоден модел кон полноправно членство во Унијата. Според предлогот, украинските претставници би можеле да учествуваат на самитите и министерските состаноци на ЕУ, но без право на глас во процесот на одлучување.

Мерц смета дека ваквиот модел би можел да помогне во актуелните мировни преговори и истовремено да претставува дополнителна безбедносна гаранција за во конфликтот со.

Целосното членство сè уште далеку

Украина моментално има кандидатски статус за членство во ЕУ, но европските претставници предупредуваат дека целосното приклучување во следните неколку години е малку веројатно поради долгите реформи и потребата од ратификација од сите 27 земји-членки.

Предлогот на Мерц предвидува и можност украински претставници да учествуваат во работата на Европската комисија и Европскиот парламент, исто така без право на одлучување.

Безбедносни гаранции за Украина

Германскиот канцелар предложил и политичка обврска државите членки на ЕУ да ја применуваат клаузулата за заемна помош кон Украина, што според него би придонело за поголема стабилност и безбедност во Европа.

Мерц најави дека за иницијативата ќе разговара со европските лидери во наредниот период.

Извор: Хина

е-Трн да боцка во твојот инбокс