Mercedes-Benz со пад на продажбата на автомобили, Кина останува најголем предизвик

Mercedes-Benz објави пад од осум проценти на продажбата во вториот квартал, најмногу поради слабите резултати на кинескиот пазар, додека продажбата на електрични возила значително порасна.

Германскиот производител на автомобили Mercedes-Benz соопшти дека во вториот квартал од годинава продажбата на патнички автомобили се намалила за осум проценти во споредба со истиот период лани. Од компанијата како главна причина ја посочуваат сè посилната конкуренција на кинескиот пазар.

Во периодот од април до јуни компанијата испорачала 417.800 возила. Најголемиот пад е регистриран токму во Кина, каде продажбата е намалена за 30 проценти. Според Mercedes-Benz, на резултатите влијаеле засилената конкуренција од локалните производители, но и процесот на воведување нови модели.

Истовремено, продажбата во САД пораснала за 10 проценти, додека европскиот пазар забележал раст од четири проценти.

Компанијата соопшти и дека испораките на целосно електрични автомобили и комбиња се зголемиле за 50 проценти, достигнувајќи вкупно 63.000 возила.

Европските автомобилски производители и понатаму се соочуваат со силен ценовен притисок во Кина, најголемиот автомобилски пазар во светот. Минатиот месец и BMW предупреди на потешкотиите во работењето на кинескиот пазар и ја намали прогнозата за основната профитна маржа за 2026 година на само еден процент.

е-Трн да боцка во твојот инбокс