Германскиот производител на луксузни автомобили „Мерцедес-Бенц“ објави денес дека во 2024. година продал помалку возила во споредба со минатата година. Главниот проблем потекнува од Кина каде е забележан пад на продажбата.
Германската компанија лани продала 2,39 милиони автомобили, што е за четири отсто помалку од 2023. година.
Падот на продажбата делумно е ублажен со подобрите резултати во четвртиот квартал, благодарение на благо опоравување на кинескиот пазар.
Продажбата на автомобили во Кина паднала за седум отсто, и покрај опоравувањето во четвртиот квартал кога се зголемила за три отсто. Кина е најважниот пазар за водечките германски производители на автомобили, но проблемите им ги предизвикува силната домашна конкуренција, особено во секторот на електрични возила.