Македонскиот тим освои два бронзени медала на 60-тата Меѓународна олимпијада по хемија – Менделеев, што денеска, на 22 април 2026 година, се одржа во Москва, Русија.
Бронзен медал освоија Теона Ана Георгиевска, ученичка во четврта година во ПСУ „Јахја Ќемал“ во Скопје, и Даниел Христов, ученик во четврта година во СОУГ „Славчо Стојменски“ во Штип.
Во составот на македонскиот тим беа и Даниел Христовски, ученик во трета година во ПСУ „Јахја Ќемал“ во Скопје, како и Георги Николоски, ученик во четврта година во СОУГ „Мирче Ацев“ во Прилеп.
Од СХТМ изразија благодарност до Амбасадата на Руската Федерација во Скопје за поддршката, како и до компанијата Лукоил Македонија за финансиската помош и до Општина Прилеп.