Поранешната прва дама на САД, Меланија Трамп оваа есен ќе ги објави нејзините мемоари насловени како „Меланија“. Според нејзиниот тим тие се силна и инспиративна приказна за жената која го трасирала својот пат, ги премостила сите пречки и дефинирана лична извонредност.
Ова се првите мемоари на Меланија Трамп, за која медиумите забележуваат дека не се појавува во јавноста додека нејзиниот сопруг Доналд Трамп е во трка за враќање во Белата куќа.
Мемоарите ќе ги објави издавачката куќа „Skyhorse Publishing“, која веќе објави книги на поранешниот градоначалник на Њујорк, Руди Галијани, голем поддржувач на Трамп.
Skyhorse исто така соработуваше и со независниот кандидат за претседателската трка, Роберт Ф. Кенеди Јр. И поранешниот советник на Трамп, Мајкл Коен, кој подоцна стана негов жесток критичар.
Од канцеларијата на Меланија не прецизираат точно кога ќе се објават мемоарите и не се знае дали таа ќе излезе пред изборите на 5 ноември.
Поранешната прва дама ги повикува читателите во својот свит, нудејќи интимен портрет за жената која живеела, но и сега живее невообичаен живот, стои во најавата на книгата.
Меланија Трамп е третата сопруга на Доналд Трамп и е таинствена личност, која доби многу внимание за време на изборите во 2016 година.
Таа секогаш ја чува својата приваност, дури и кога беше прва дама и се фокусираше на синот Барон како и на иницијативата „Биди најдобар“ за општествено, емоцинално и физичко здравје на децата.
Оваа година таа се појави само на Републиканската национална конвенција, по обидот за атенат на Трамп, но генерално се држи подалеку од претседателската кампања и таа дури и не зборуваше на конвенцијата, спротивно на традицијата.
Извор: Индекс.хр