Мечот од 80 сантиметри, со закривен и се уште многу остар нож, ќе го продаде специјализираната аукциска куќа Чарлс Милер.
Се проценува дека мечот ќе се продава од 30.000 до 50.000 фунти.
Тој борбен меч е без украси и скапоцени камења.
„Тоа можеше да биде обичен меч доколку не беше во сопственост на Наполеон“, изјави неименуван претставник на аукциската куќа.
Малку е познато за потеклото на мечот. Неговата заоблена форма е „типична за мавританските мечеви“, рече еден експерт од аукциската куќа, додавајќи дека мечот најверојатно го зел Наполеон „од поразен војник и го чувал како воено богатство“.
На мечот има дискретен натпис – Подарок од Наполеон Бонапарта за Џејмс Керни, 1815 година.
Мечот се споменува и во тестаментот на Керни, поморски офицер, а тој документ се чува во Националниот архив на Велика Британија.
Наполеон, принуден да абдицира на 6 април 1814 година и прогонет на островот Елба, меѓу Италија и неговата родна Корзика, владеел повторно, но само една година, до битката кај Ватерло каде што бил конечно поразен.
Англичаните го депортирале на Света Елена, мал остров во јужниот дел на Атлантикот.
Тогаш Наполеон бил снабдуван од британски бродови и во тој контекст се сретнал со Џејмс Керни, чија фрегата носела вино за поразениот француски владетел. Наполеон му го подарил мечот на британскиот офицер и предметот останал во сопственост на потомците на офицерот повеќе од два века.
Потомците на Џејмс Керни неодамна донесоа одлука да го продадат.
„Бидејќи тоа е прилично стандардно парче, веројатно е дека Наполеон не почувствувал потреба да го задржи и сето тоа е прилично логичен подарок за еден војник“, додаваат од аукциската куќа.