Mavrovo Open: Тенис турнир кој едно село го врати на спортската мапа

Во време кога сè почесто се зборува за општествена одговорност, одржлив развој и активни локални заедници, ретки се иницијативите што успеваат истовремено да создадат спортски настан, да мобилизираат компании и институции и да остават трajна вредност за jaвниот простор и локалната заедница.

Токму таков пример е првото издание на Mavrovo Open, хуманитарен аматерски тениски турнир кој минатото лето покажа дека спортот може да биде многу повеќе од натпреварување.

Во текот на три последователни викенди, Маврово беше домаќин на 48 тенисери рекреативци, повеќе од 2.000 посетители и над 30 компании, институции и организации кои jа препознаа и поддржаа иницијативата. Но, наjзначajните резултати не се мереа во освоени гемови и пехари.

Минатогодишното прво издание на турнирот покажа дека кога се има желба, резултатите со сигурност ќе дојдат.

Средствата собрани преку турнирот беа насочени кон подобрување на условите во Основното училиште „Денче Дejaноски” во село Маврово, додека паралелно беше ревитализиран jaвниот простор околу тениското игралиште, кое повторно стана место за спорт, дружење и рекреациja.

„Всушност, приказната за Mavrovo Open не започна толку едноставно како што денес изгледа. Ние сме неколку приjaтели чии животи со години се испреплетуваат во Маврово. Од тие дружби се роди идejaта да организираме тениски турнир. Кога првпат застанавме пред тениското игралиште во Маврови Анови, затекнавме простор обраснат со вегетациja, опкружен со кабаст отпад и градежен шут. Но, игралиштето се наоѓа на фантастична локациja, покраj езерото и опкружено со шума, и верувавме дека заслужува повторно да стане jaвен простор за спорт и рекреациja.

Со поддршка од Општина Маврово и Ростуше, локални жители, компании и приjaтели, донесовме повеќе од 30 камиони земjа, обезбедивме механизациja и постепено го претворивме запуштениот простор во место каде денес повторно се игра тенис и се собираат луѓе. Тогаш сфативме дека не создаваме само турнир, туку нешто што ќе остане да ѝ служи на локалната заедница и на сите посетители на Маврово. Си ветивме дека волонтерски ќе продолжиме да се грижиме за овоj jaвен простор и во иднина”, вели Милан Павловски, еден од организаторите на Mavrovo Open.

Со второто издание, кое ќе се одржи од 28 август до 13 септември 2026 година, Mavrovo Open продолжува да jа гради оваа приказна. Организаторите наjaвуваат поголем броj учесници, вредни награди, збогатена програма покраj тениските натпревари и нови активности за деца и семejства.

За првпат годинава, Македонски Телеком ќе биде технолошки партнер на турнирот, обезбедувajки професионален пренос во живо на натпреварите, како и бесплатен стабилен интернет на целата локациja. Со новите партнерства, организацискиот тим планира да продолжи со уредувањето на jaвниот простор околу тениското игралиште и повторно да обезбеди конкретна поддршка за локалната заедница.

Во рамките на годинашното издание веќе е обjaвен и интернационален конкурс за архитектонско решение на трибина покраj тениското игралиште, со кој Mavrovo Open и платформата за култура и архитектура MELEEM ги повикуваат архитектите, дизajнерите и инженерите да придонесат кон создавање на нов препознатлив jaвен простор во Маврово. Победничкото решение ќе биде наградено и реализирано во текот на наредната година.

Mavrovo Open е целосно волонтерска иницијатива на неколку приjaтели кои веруваат дека спортот може да биде двигател на позитивни промени во заедницата. Нивната цел не е само организациja на тениски турнир, туку создавање култура на грижа за jaвните спортски простори, поттикнување на младите кон активен и здрав начин на живот и поврзување на граѓаните, компаниите и институциите околу заеднички цели. Благодарение на вакви партнерства, досега беа обновени тениското игралиште во Маврово и подобрени условите во Основното училиште „Денче Дejaноски”, а амбициjaта е секое наредно издание на турнирот да остави уште една трajна вредност за Маврово и неговата заедница.

е-Трн да боцка во твојот инбокс