Масовнo пукање во близина на училиште во Северна Каролина: најмалку две жртви, истрага во тек

Во парк во близина на средно училиште во Северна Каролина се случи масовна пукање во кое загинаа најмалку две лица. Полицијата истражува дали инцидентот започнал како договорена пресметка меѓу малолетници.

Најмалку две лица се убиени во масовна пуцnава што се случила во понеделник наутро во парк во американската сојузна држава Северна Каролина, во близина на средното училиште „Џеферсон“, соопшти Државното истражно биро.

Инцидентот се случил во паркот Лајнбах, а првичните информации укажуваат дека се работи за конфликт меѓу малолетници кој ескалирал во оружено насилство. Според помошник-началникот на полицијата, Џејк Свајм, двете засегнати страни првично се договориле да се сретнат во паркот за физичка пресметка, но ситуацијата брзо излегла од контрола.

Полицијата примила повик околу 9:52 часот наутро, по што патролите веднаш биле испратени на местото на настанот. Во моментот на нивното пристигнување, конфликтот веќе прераснал во пуцnава во која повеќе лица почнале да пукаат едни кон други.

Од полицијата соопштуваат дека не станува збор за случаен напад и дека инцидентот се третира како изолиран случај, кој сè уште е под активна истрага. Неколку лица, вклучувајќи и жртви и осомничени, се идентификувани и лоцирани.

И покрај инцидентот, училиштата во околината продолжуваат со нормална работа. Надлежните апелираат до родителите да користат алтернативни патишта при подигање на децата од училиштето „Џеферсон“.

Случајот повторно ја отвора дебатата за оруженото насилство во САД, особено во контекст на инциденти што се случуваат во близина на образовни институции.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни