Марс во Рак носи емотивна бура: Овие 4 хороскопски знаци ги очекува најтурбулентен период

Марс во Рак останува до 28 септември, а според астролошките толкувања најсилно ќе го почувствуваат Рак, Јарец, Овен и Вага

Марс од 11 август се движи низ Рак и во овој знак ќе остане до 28 септември. Во астрологијата, Марс се поврзува со акцијата, борбата, гневот, импулсивноста и начинот на кој ги браниме сопствените граници, додека Ракот се поврзува со емоциите, семејството, домот и минатото.

Токму затоа, според астролошките толкувања, овој транзит може да донесе поинаков вид конфликти – наместо отворена и директна пресметка, во преден план можат да излезат потиснати емоции, стари повреди и проблеми што долго биле игнорирани. Најсилно би можеле да го почувствуваат кардиналните знаци – Рак, Јарец, Овен и Вага.

Рак

Раковите се први на удар бидејќи Марс директно минува низ нивниот знак. Според астролошките толкувања, работите што со месеци ги потиснувале сега би можеле многу потешко да се игнорираат. Непокажаниот гнев, разочарувањата, семејните проблеми и односите во кои молчеле само за да го зачуваат мирот можат повторно да излезат на површина.

Марс може да ја засили потребата за самозаштита, но истовремено и нервозата и импулсивноста. За Раковите главната тема до 28 септември би можеле да бидат границите, кога да престанат да трпат нешто само затоа што станува збор за блиска личност.

Важно ќе биде енергијата да најде здрав излез, наместо наталожената фрустрација да прерасне во конфликт.

Јарец

Кај Јарците, Марс се наоѓа во спротивниот знак, па најголемиот притисок според астролошките толкувања може да се почувствува преку односите со другите. Партнерствата во кои веќе постојат пукнатини можат да станат понапнати, а работите за кои долго се молчело би можеле конечно да бидат кажани.

Ова не мора да значи раскинување или прекин на односот, туку период во кој станува потешко да се одржува врска само поради навика, дисциплина или чувство на должност.

Јарците сакаат рационални решенија и контрола, но Марс во Рак ги турка токму кон емоционалната страна на проблемите. Понекогаш, наместо веднаш да се бара решение, прво ќе треба да се признае што навистина се чувствува.

Овен

Овој транзит може да биде особено предизвикувачки за Овните бидејќи Марс е нивниот традиционален планетарен владетел. Наместо директно дејствување и брзо пресекување на проблемот, Марс во Рак ги насочува кон теми поврзани со домот, семејството, минатото и емоциите. Можно е да има повеќе тензии со членовите на семејството, родителите или луѓето од најблиското опкружување. Можно е да се врати и стара лутина за која Овните мислеле дека одамна ја надминале.

Затоа најважно ќе биде да не се реагира импулсивно. Според астролошките толкувања, зад бесот понекогаш може да се крие повреденост, а токму разликувањето на овие две емоции може да биде најголемиот предизвик.

Вага

Вагите обично се обидуваат да ја смират ситуацијата, да најдат компромис и да избегнат непотребни конфликти. Но, според астролошките толкувања, Марс во Рак може да покаже дека таквата стратегија не може да трае засекогаш. Во преден план можат да излезат теми поврзани со работата, авторитетот, статусот и прашањето колку долго некој се согласува на нешто само за да избегне конфликт.

Потиснатиот гнев може да стане поочигледен, а потребата конечно да се каже „не“ може да биде сè посилна. За Вагите ова може да биде период на преиспитување на една важна разлика: мирот не значи секогаш отсуство на конфликт. Понекогаш токму соочувањето со проблемот е неопходно за односот повторно да стане рамноправен.

Што носи Марс во Рак?

Според астрологијата, Марс во Рак не мора да биде негативен транзит, но тешко поминува незабележано. Неговата главна тема е соочувањето со она што ни е важно и со прашањето што сме подготвени да браниме. Ракот, Јарецот, Овенот и Вагата би можеле најдиректно да го почувствуваат овој транзит, особено доколку имаат подзнак, Месечина или други значајни натални позиции во овие знаци.

До 28 септември, според астролошките толкувања, многумина би можеле да сфатат дека она што долго го потиснувале повеќе не може да остане скриено.

е-Трн да боцка во твојот инбокс