Американскиот државен секретар Марко Рубио оваа недела ќе отпатува во Шведска на состанок на министрите за надворешни работи на НАТО, каде главна тема ќе биде поголемото учество на европските земји во трошоците за одбрана.
Состанокот ќе се одржи во Хелсингборг на 22 мај, а Рубио ќе разговара и со претставници на Арктичкиот совет, во кој членуваат САД, Канада, Данска, Норвешка, Шведска, Финска и Исланд.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп подолго време ги критикува европските членки на НАТО поради недоволни вложувања во одбраната. Земјите од Алијансата минатата година договорија нови цели 3,5 проценти од БДП за одбрана и дополнителни 1,5 проценти за сајбер безбедност, инфраструктура и логистика.
По посетата на Шведска, Рубио ќе отпатува и во Индија, каде ќе разговара за енергетска безбедност, трговија и одбранбена соработка со индискиот премиер Нарендра Моди.