Наши гости се Марија, makeup artist, и Били, бербер – пар кој не се вклопува во туѓи стереотипи, туку си гради своја приказна.
Публиката можеше да ги види и во спотот на Слаткар за „Дали ќе ме сакаш“, каде играат пар – а во животот навистина се пар што покажува дека љубовта нема потреба да се објаснува.
Таа создава убавина преку мејкап, а тој преку берберскиот занает, двајцата заедно носат енергија што тешко се игнорира. Работата им носи баланс, љубовта ги држи силни, а нивната искреност е баш она што ја прави оваа епизода посебна.