Подгответе се, почнува сезоната на „All I Want for Christmas“

Мараја Кери ја отвори празничната сезона со нова кампања за „Гучи“, придружена од хитот што се враќа секоја зима.
Мараја Кери во спотот на песната All I want for Christmas
screenshot

За Мараја Кери божиќната сезона веќе почна. Пејачката се појавува во новата празнична кампања на „Гучи“, придружена од својот неизбежен хит „All I Want for Christmas Is You“.

Дејството е сместено во раскошен хотел, каде персоналот забрзано го подготвува нејзиното пристигнување. Празничните украси, крзното и очилата за сонце ја дополнуваат препознатливата екстраваганција на Кери.

Пејачката носи парчиња од специјалната колекција „Butterfly“. Пеперутката е долгогодишен симбол во нејзината кариера, а истото име го носи и нејзиниот албум од 1997 година.

Зад камерата е Хармони Корин, режисерот на „Spring Breakers“, кој претходно соработувал со модната куќа.


Кампањата пристигнува по нејзиното традиционално видео „It’s Time“, објавено на 1 ноември, со кое Кери секоја година го означува почетокот на својата празнична сезона.

е-Трн да боцка во твојот инбокс