Приказната за македонското вино

Македонско вино – изобилие на вкусови на домашните автохтони лози

Приказната за македонското вино започнува на Повардарието, во долината на Вардар. Тоа е приказна со безброј ликови, искуства, вкусови и тајни на рецептите што со векови се пренесуваат од генерација на генерација. Виното е вметнато во културата и фолклорот и животот на луѓето во овие краеви  

Македонското вино е полно со многу сонце, љубов и изобилие на вкусови. Специфичната арома на виното е резултат на деjството на комбинираната, медитеранска и континентална клима, дополнета со летните топли и сончеви денови и постудени ноќи. Подолгиот процес на зреење на грозjето ги концентрира шеќерите и киселините во грозjето, оформуваjќи богати бои и комплекс од ароми во вината.

Благодарение на сјајното сонце, македонските вина се на врвот на светската мапа на неоткриени гастрономски богатства, кои кријат вековна традиција, исполнета со незаборавни автентични вкусови и искуства. Како земја на виното, Македонија има богата винска историја – истовремено и многу стара и многу млада.

Локалитет: Бела Вода, Повардарие

Приказната за македонското вино започнува на Повардарието, во долината на Вардар. Тоа е приказна со многу лица, искуства, вкусови, бои, ароми и тајни на рецептите што со векови се пренесуваат од генерација на генерација.  

Насадите на винова лоза ја раскажуваат повеќевековната приказна за виното, која е нераскинливо поврзана со овие области и со луѓето кои живеат тука.

Виното е вметнато во културата, во традицијата, во фолклорот и во секојдневието на животот на луѓето во овие краеви. Македонија има 280 сончеви денови во годината. Тоа помага во долгиот процес на зреење, за концентрација на шеќерите и киселините во грозјето, овозможувајќи им богата боја и комплексни ароми во вината.

Локалитет: Бела Вода, Повардарие

– „Е што не сум црвено грозје боси нозе твои да ме газат“. Виното е поезија, односно еден вид на уметност. Како што уметниците сликаат, музичарите музицираат, така ние како едно лозје правиме уметност со тоа што ги спојуваме сонцето, ветерот, климата, почвата за да дојде се во една чаша. Македонија изобилува со потенцијал за добро грозје. Имаме доста автохтони сорти кои што се клучни во винификацијата, односно во правњето на вино. Тоа е Кратошијата како најстара, како мајка на Вранецот кој што е исто автохтона сорта. Тука се уште неколку од белите, Смедевервка, Темјаника и оние други кои што се донесени години наназад и тие се Жилавка, Плавец и ред други вели Јаким Митрески, hospitality manager или како самиот вели, домаќин во винаријата „Тиквеш“

Локалитет: Бела Вода, Повардарие

Денес Македонија има околу 24 000 хектари лозови насади од коишто се произведуваат значајни количини вино. Според податоците на Државниот завод за статистика за 2022 година, во поврадраскиот регион има 10 901 лозов насад, во југоисточниот 5 787, во скопскиот 1 999, источниот 199, североисточниот 1 339, пелагонискиот 777 насади, југозападниот 602 и во полошкиот 44 лозови насади. Производството на грозје по региони е следно: повардарскиот регион произведува 120 893 тони, југоисточниот 94 551, скопскиот 14 449 тони грозје, источниот 14 113 тони, североисточниот 8 040, пелагонискиот 7 525 тони, југозападниот 5 602 и во полошкиот се произведуваат 383 тони грозје. Во Македонија има 48.000 земјоделски стопанства кои поседуваат лозови насади, стои во извештајот на Државниот завод за статистика. Винариите произведуваат 261.622 хл вино во шишиња, и 481.304 хл вино на точење. Вкупните извезени количини вино се движат околу 70 милиони литри. Во последните две години се забележува пораст на вкупната вредност на извезено вино во шишиња во сооднос на 62% наспроти 32% во корист на флашираното вино.

Винарија Тиквеш

-Кога зборуваме за винската традиција и квалитетот на вината, нормално не може да се избегне а да не се спомне Винарија „Тиквеш“ и тој принцип на работа на правење вино. 140 години традиција и тука се врзува не само технологијата. Имаме стари лози, 40, 50 години и самото тоа придонесува да едно вино биде доста квалитетно. Така да не е само грозјето во прашање, туку и сите процеси, начинот на кој што се контролира , од лозјето до макровинификација, микровинификација, начин на берба, контрола на температура во самата ферментација и нели самата финализација или влегување во шише, вели Јаким.

Македонија извезува вино во 37 земји во светот. Според количината на извоз македонското вино најмногу се извезува во Германија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово, Латвија, Словенија, Хрватска, Русија, Кина, Унгарија и Полска. Извозот во земјите од ЕУ е 65% , додека 35 отсто отпаѓа на останатите, покажуваат официјалните податоци на Заводот за статистика.

Винарија Тиквеш

Според вредноста на извозот на виното во 2022 година, Македонија е 29 ти најголем извозник во светот. Според производството пак, Меѓународната организација ја рангира на 22 то место во светот. Во регионот е  втора, веднаш после Грција.

Според нето извозот кој го остварила во 2022 година, земјава е на 13 тото место. Извозот е во вредност од 477 милиони евра, а увозот е 0.5 милиони евра.

Статистиката покажува дека полнолетниот македонски граѓанин просечно пие по 2.2 литри вино и 0.9 литри ракија годишно.

Винарија Тиквеш

– Виното е интелектуалниот дел на храната. Јас секогаш тоа го зборувам, односно енгоастрономијата е нешто што може да направи да доживеете многу поразлични искуства.Вината овде во Македонија се сите гастрономски вина. Македонските вина, еве „Тиквеш“ Винарија има едно портфолио од над 50- тина етикети моментално. Секое едно е добро, соодветно споено со многу вкусни македонски јадења, објаснува Јаким.

Земјите од  Отворен Балкан го промовираа саемот за вино “Винска Визија на Отворен Балкан”, што прераснува во еден од трите најголеми саеми за вино во светот. 

Преку промоција на  виното, Македонија стана втора извозничка на вино во регионот и 29-та по ред по извоз на овој прозивод во светот. Минатата година, во рамките на “Отворен Балкан”, виното беше промовирано како еден од најзначајните производи на регионот.

На настанот во Белград, производители на вино од Северна Македонија, Србија и од Албанија го покажаа и го промовираа балканскиот вкус на квалитетните вина кој беше потврден и на меѓународен саем на вино “Винитали” во Италија.

Винарија Тиквеш

-Мислам дека допрва ќе следи една експанзија на македонското вино. Токму и тоа е целта да овие автохтони сорти што порано биле литарско пакување нели со затварач обичен. Сега веќе се преточени во квалитетни премиум теоари. Ние Вранецот го имаме и во Т’га за Југ, Вранецот го имаме и во Барово црвено. Значи тоа е ете една паралела што може една автохтона сорта ако добро се третира и одгледува и добро се обработува да постигне и без проблем да биде вино кое што има потенцијал да зрее во шише до 10 години. Секако и етикетите играат голема улога на пазарот, поготово за винските познавачи кај што има некои кратенки кои што означуваат и регија и регион и локација и тероар. Многу е важно за оние кои што познаваат вино од каде доаѓа. Темјаниката доаѓа од 1000 метри надморска и онаа од 250 метри. Затоа и на етикетите „Тиквеш“ сега ја означуваат и самата локација. Квалитетот на виното зависи од грозјето, опремата и од мајсторијата на винарот. Климатските услови и тероарот, богат со карбонати и минерали, остануваат клучна точка. Овие услови во Македонија се исполнети и поради тоа произведеното грозје е со висок квалитет- вели Јаким.

Македонското вино има светла иднина. Според некои иднината е во квалитетното флаширано вино кое носи свој идентитет, како вината на Тивеш. Иднината е и е во малите бутик винарии кои се пробиваат на пазарот. Иднината е во Вранецот, Смедеревката, Темјаниката, Каратошијата, Жилавката, Жупјанката, Станушината…

-Наше е само добро да ја продолжиме оваа традиција и нешто што би препорачал носете си македонско вино сегде кај и да одите, нема за згрешите, нема никого да разочарате – ни вели Јаким.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни