Македонскиот пасош е на 33-то место во светот, зад Србија, пред Црна Гора

Хрватскиот пасош, како пасош на членка на ЕУ, го дели петто место во светот, додека Србија е единствена земја од Западниот Балкан пред Македонија.

Македонскиот пасош е на 33-то место на светската ранг-листа на моќта на патните исправи, покажуваат актуелните податоци на Passport Index на Arton Capital. Со пристап без виза до 85 земји, македонскиот пасош е послаб единствено од српскиот меѓу земјите од Западниот Балкан, а посилен од пасошите на Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово.

Меѓу земјите од Западниот Балкан, само Србија го надминува македонскиот пасош. Српскиот е на 32-ро место со 91 земја без виза, еден степен и шест дестинации пред македонскиот. Зад Македонија следат Црна Гора (34-то место, 85 земји), потоа Албанија и Босна и Херцеговина, изедначени на 40-то место со по 81 земја. Косово останува најслабо рангирано во регионот, на 53-то место со 58 земји достапни без виза.

Хрватска го дели петто место во светот со 128 дестинации ослободени од виза, во друштво со Словенија, Романија, Чешка, Словачка, Бугарија и Естонија. Разликата со Македонија изнесува 43 дестинации. Хрватска и Бугарија како членки членки на ЕУ и на Шенген имаат автоматски пристап до десетици договори за визна либерализација склучени колективно преку Унијата, пристап каков што Македонија, како кандидатка за членство, сè уште го нема.

Обединетите Арапски Емирати се на прво место во светот со 138 дестинации ослободени од виза, пред Франција и Шпанија на второ место со 132. На спротивниот крај на листата е Авганистан, на 94-то и последно место, со пристап до само 6 земји без виза. Разликата помеѓу врвот и дното на листата изнесува 132 дестинации.

е-Трн да боцка во твојот инбокс